„Аџибадем Систина“ располага со комплетно опремен оддел за радиологија кој во целост може да одговори на специфичните потреби на пациентите. Со оглед на фактот дека дијагнозата игра значајна улога во понатамошниот третман на сите заболувања, нашиот оддел е првиот чекор во поставувањето навремена и точна дијагноза. Сите апарати во Oдделот се од реномираниот американски производител на медицинска технологија GE electronics.

Дигитализирани конвенционални радиолошки процедури

• Нативни и контрастни дијагностички радиолошки процедури по органи и системи
• Нативни и контрастни радиолошки процедури кај новороденчиња и деца
• Интервентни неваскуларни процедури

Дијагностички и интервентни процедури на дојка

• Ултразвук на дојки
• Дигитална мамографија
• Магнетна резонанца на дојки, биопсии и предоперативно маркирање

Ултразвучни процедури по органи и системи (дијагностички и интервентни)

• Уринарен и дигестивен тракт
• Меки делови, мускули, зглобови
• ЕХО на „слепо црево“

Компјутерска томографија (128 slice CT)

Компјутерска томографија по органи и системи (глава, врат, `рбет, бели дробови, абдомен) овозможува виртуелна бронхоскопија и колоноскопија, периферни артерии, вратни артерии и срцеви артерии, ”calcium score“, перфузиони иследувања, интервентни процедури (биопсии, дренажи). Со вградување на најнови технолошки достигнувања во софистицираната опрема се постигнува еден од најважните стандарди во модерната радиологија, а тоа е испорачување на помала доза на зрачење кон пациентот и до 40 %.

Магнетна резонанца (MRI 3 Tesla)

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во земјава е достапен во „Аџибадем Систина“. Со MRI 3 tesla времето на снимање е скратено за 30%, во споредба со MRI 1.5 Tesla. Во исто време двојно поголемата сила на магнетно поле овозможува прецизен приказ на внатрешните структури и органи, како и детекција на промени кои се невидливи со MRI 1.5 Tesla. Зголемениот комфор на пациентот за време на снимањето е овозможен со поширок цилиндар за 70 см. Комфорот е надополнет и со поширока маса за снимање која поднесува поголема тежина до 250 килограми. На овој моќен апарат може да се направи и скрининг на целото тело за помалку од 1 час, без зрачење и без контрастно средство.

Магнетна резонанца (MRI 1.5 Tesla)

Апаратот за магнентна резонанца претставува едно од поновите техничко-технолошки достигнувања во современата медицина кој се користи при дијагностицирањето на голем број промени на човековото тело по системи и органи (глава, врат, `рбет со `рбетен мозок, бели дробови, абдомен, приказ на билио-панкреатичното стебло). Во нашата болница достапна е МРИ по органи и системи, функционална МРИ (дифузија, перфузија), срцев мускул со перфузија, крвни садови, МРИ на фетус, МРИ на дојки. Во склоп на магнетната резонанца е и најсовремен апарат за анестезија кој овозможува процедурата на снимање безбедно да се изведе кај најтешко болните и пациенти со фобии од снимање.

DSA (Дигитална суптракциска ангиографија)

• Дијагностички ангиографски процедури
• флебографија
• и.в. ангиографија
• дијагностичка ангиографија на периферните крвни садови, нефроангиографија, аортографија, ангиографија на вратните (каротидните, вертебралните) артерии, нефроангиографија, панцеребрална ангиографија, спинална ангиографија
• Интервентни процедури на крвни садови

Дел од васкуларните интервентни процедури се користат за лекување на заболувања на периферните артерии и вени. Стеснувањата на артериите и вените се третираат со балон дилатација. Доколку дилатацијата е недоволна на местото на стеснувањето, се поставува стент кој го проширува крвниот сад. Во случаи на затнување на крвниот сад поради тромбоза се користи тромболиза, која ако навремено се спроведе можат да се избегнат некои трајни невролошки последици. Кај некои заболувања се јавува потреба од затнување на крвниот сад за да се оневозможи дотокот на крв до заболеното или оштетеното место. За таа цел се користат емболизациските интервентни процедури. Васкуларните интервенти процедури се користат и при лекувањето на аневризми на абдоминалната или торакалната аорта. Во последната деценија сѐ повеќе се користат и за третман на аневризмите или артериовенските малформации на крвните садови на мозокот или на ‘рбетниот мозок. Дел од овие интервенции заменуваат хируршки третман или се подготовка за подобар оперативен третман.

Неваскуларни интервентни процедури

Од неваскуларните интервентни процедури кај нас се достапни: балон дилатација на стенози на езофагус, машка уретра, дебелото црево. На Одделот се изведуваат:

• привремено или трајно (палијативно) стентирање на хранопровод,
• машка уретра,
• перкутана дренажа на апсцеси,
• плеврален излив, 
• билијарна перкутана дренажа, 
• перкутана дренажа на урином
• поставување на перкутани нефростоми
• КТ или УЗ водени биопсии ( 'core' - биопсии и тенкоиглени (FNAC) биопсии)
• перкутана блокада на нерви или нервни плексуси

 

 

Дијагностичка и интервентна радиологија

 

Д-р Душко Михајлоски

Проф. Д-р Зоран Трајковски

Д-р Маја Стојчевска Чапова

Д-р Сенчо Нетков

 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

 

 acibademsistina bitola galerija

 

 

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library