Кардиоваскуларниот центар во „Аџибадем Систина“ е најмодерен центар во регионот, лидер во дијагноза и третман на васкуларните и болестите на срцето. Третманот во нашиот центар е со најсовремена технологија и протоколи на лекување спроведен од тим на врвни кардиоваскуларни специјалисти признаени во целиот регионот. Третманот во Кардиоваскулраниот центар на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е заокружен со можноста за рехабилитација на пациентите со што се постигнува подобрување на кондиционата способност, особено по извршена кардиохируршка интервенција. Стручниот медицински тим подготвува посебен план за рехабилитација на секој пациент, кој вклучува соодветно дозирани рехабилитациони процедури (систем на вежби), зависно од неговата дијагноза и здравствена состојба.

КАРДИОЛОГИЈА

Кардиолошкиот тим на „Аџибадем Систина“ се состои од интервентни кардиолози, неинвазивни кардиолози и електрофизиолози, со што се опфатени трите сегменти на кардиолошката проблематика. Нашиот искусен тим во секојдневната работа ги промовира мерките за контрола на ризик факторите, како ефикасен начин на превенција на кардиоваскуларните заболувања.

• Комплетно испитување на артерии и вени на цело тело
• Комплетно испитување на срцето (ЕХО на срце, Коронарен стрес тест, Холтер за ритам и крвен притисок...)
• Компјутерска томографија за испитување на крвните садови на срцето
• Ангиографии и поставување на стентови (Bare metal stent; Drug eluting stent)
• Испитување на неправилната срцева работа и нејзино лекување
• Поставување на сите видови пејсмејкери

Коронарна единица и интензивна нега

Коронарната единица и интензивна нега во „Аџибадем Систина“ располага со 6 кревети со можност за комплетен мониторинг, интензивно лекување, поддршка и нега на критично болни пациенти. Овозможува 24 часовно инванзивно и неинвазивно мониторирање на кардиолошки, интернистички и невролошки пациенти.

КАРДИОХИРУРГИЈА

Одделот за Кардиохиругија „Св.Илија“ предводен од страна на еминентниот проф. д-р Салис Таџер, е конципиран според најсовремени светски стандарди нудејќи професионален пристап во негата на пациентите. Успешноста во досегашното работење се должи на континуираното вложување во едукација на тимот, несебичниот тимски пристап, надополнето со најсовремена опрема и апаратура со којашто тимот е во можност да изведува иновативни и најкомплицирани зафати.

Интервенции

Одделот изведува целокупен спектар на кардиохируршки зафати, од најрутински до најкомплексни процедури кои се ефектуираат на отворено срце. Посебен акцент е ставен на минимално инвазивната хирургија која се изведува како рутинска интервенција. Тимот е обучен да ги изведува најкомплицираните и тешки зафати, при што стапката на смртност е исклучително ниска како во референтните светски кардиохируршки центри.

• Минимално инвазивна хирургија
• Најсовремена Единица за интензивна нега
• Комплетна хирургија на аорта
• Коронарен бај-пас исклучиво со артерии
• Реконструкции на залистоци
• Третман на аортна дисекција и анеуризма

Кардиохирушка интензивна нега

Располага со најсовремена опрема за реанимација и интензивно лекување која овозможува третман и нега на сите тешко заболени пациенти, како во раниот постоперативен период, така и за оние кои се со хронични заболувања. Екипата составена од врвни експерти од областа на интензивното лекување овозможуваат здравствена заштита според светски стандарди и протоколи со цел да се подобри општата состојба на пациентите и за што пократок временски период истите да бидат префрлени на стационарниот оддел.

ВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА

Одделот за Васкуларна хирургија, опремен со најсовремена технологија овозможува брза дијагностика на сите болести на артериите и вените во целото тело. Тимскиот пристап за време на предоперативните припреми, самиот чин на операција и постоперативно следење се одвива во услови на најсовремено технолошки опремени операциони сали и интензивна нега. Мултидисциплинарниот пристап од страна на тимот искусни дијагностичари (рендгенолози, кардиолози), анестезиолози, медицински сестри и физиотерапевти достигнува одлични постоперативни резултати во лекувањето на пациентите кај кои се изведени сериозни и комплицирани операции. Ваквите резултати одговараат на резултатите на врвните светски васкуларни центри.
Целиот тим експерти го предводи д-р Митко Караѓозов, искусен васкуларен хирург кој работи во оваа област од 1980 година и низ чии раце поминале илјадници операции на артерии и вени.

• Отворена ендартеректомија (отворено хируршко чистење на артериите по нивната должина)
• Бајпас хирургија на периферни крвни садови; стомачната аорта, карлични артерии, натколенични и потколенични крвни садови
• Реконструкција на бубрежни крвни садови
• Реконструкција на артериите на вратот и рацете
• Хируршки третман на аневризматски проширувања на сите артерии надвор од лакот на аортата
• Ласерскa и класична операција на проширени вени на долните екстремите
• Решавање на вродени артерио-венски малформации на крвните садови
• Поставување на фистули кај пациенти на дијализа
• Поставување на катетри за хемотерапија кај онколошки пациенти
• Третман на дијабетично стапало кај дијабетичари

 

 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин


 Acibadem Sistina Fotogalerija


 acibademsistina bitola galerija


gurs banner


Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library