Нашата приказна во здравствениот сектор започна во 2001 година со отворањето на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица - Систина“ - место каде грижата за репродуктивното здравје на жената доби една сосема нова димензија. Успешниот резултат во сосема нова дејност докажа дека не е важно во кој сегмент ќе решите да инвестирате, туку со колкава љубов и посветеност ќе влезете во секој нов проект. Моментите на успех, деновите во кои брендот „Систина“ добиваше сѐ поголеми димензии, ги прошири капацитетите, со сериозна инвестиција во здравството и прерасна во клиничка болница која на 7 април 2010 година ги отвори вратите за своите пациенти.

На 10 ноември 2010 година Клиничката болница „Систина“ забележа уште еден успех. Со потпишувањето договор за афилијација со најголемата групација на болници во југоисточна Европа „Аџибадем“, Клиничката болница „Систина“ создаде можност за размена на знаења и искуства и едукација со медицинскиот тим на турскиот здравствен гигант.

За само една година оваа успешна соработка прерасна во заедничко партнерство. Клиничката болница „Систина“ стана дел од Здравствената групација „Аџибадем“, и прва болница на овој лидер во здравството, надвор од границите на Турција. Една година подоцна „Аџибадем Систина“ стана дел од вториот најголем синџир болници, малезиската групација IHH. Влегувањето во оваа групација за нас претставува подигнување на стандардите во лекувањето и имплементација на сите најсовремени технологии и протоколи во лекувањето и поставување на Македонија на светската здравствена мапа.

Денеска Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

КАПАЦИТЕТ 

„Аџибадем Систина“ се простира на 22.000 квадратни метри затворен болнички простор распореден на 7 ката. Опремена со 11 најсовремени операциони сали и капацитет од 242 болнички кревети и 56 интензивни места (хирургија, кардиохирургија, кардиологија и неонтаологија).

ЕКО БОЛНИЦА

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се вбројува во листата на еко болници кои го рециклираат својот отпад, а со тоа придонесуваме до почиста животната средина.

АЏИБАДЕМ СИСТИНА - BABY FRIENDLY HOSPITAL

Уште еден доказ за максималната посветеност во работата со родилките и новородените е фактот што Одделот за неонатологија го поседува сертификатот од УНИЦЕФ Болница пријател на бебињата (Baby Friendly Hospital). Овој престижен сертификат кој се добива низ еден строг систем на акредитација може да го добие болница која ги почитува 10-те поставени стандарди кои се преточени во т.н.10 чекори за успешно доење.

БОЛНИЧКИ СОБИ

Удобноста на пациентите е нашиот приоритет. Болничките соби се дизајнирани на тој начин да одговорат на специфичните потреби на пациентите, да овозможат пријатна атмосфера и чувство на удобност и комфорт за време на болничкиот престој. Во секоја соба има телевизор, тоалет, централен систем за греење и ладење, систем за комуникација со медицинските сестри. Болницата располага со:
-Еднокреветни соби
-Двокреветни соби
-Апартмани

НАШИОТ ПЕРСОНАЛ 

„Аџибадем Систина“ денеска е бренд во македонското здравство и синоним за доверба, сигурност и квалитет. Брои повеќе од 700 вработени, меѓу кои медицински тим од искусни професионалци, експерти во својата област. Нашиот пероснал го сочинуваат врвен тим од повеќе од 120 реномирани доктори. Во болницата работи и тим на високо специјализирани медицински сестри во своите области. Болницата континуирано вложува во постојаната надградба и едукација на своите вработени. Со сегашната структурна поставеност на вработените, во „Аџибадем Систина“, на еден болнички кревет се посветени 2 медицински сестри.

За здравјето, најважни се знаењето и искуството бидејќи
ЗА ЖИВОТОТ СЕ РАБОТИ!

 

 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 Acibadem Sistina Fotogalerija