Sovremeni Medicinski tehnologii
Клиничката болница „Aџибадем Систина“ континиурано вложува во обезбедување на нови и современи медицински технологии. Сите оддели во болницата се опремени со високо софистицирана медицинска опрема која е последен збор на медицината.

TRILOGY - IGRT, IMRT и SRT/SRS  

TRILOGY е линеарен акцелератор кој користи три методи на радиотерапија (IGRT, IMRT I SRT/SRC). Силата на TRILOGY е тоа што има важни предности во третманот на пациентите. IGRT (радиотерапија предводена од слики) комбинира нови технологии со што се овозможува одредување на локацијата на туморот во текот на третманот. IMRT – радиотерапија со модулиран интензитет, се постигнуваат високи дози на зрачна терапија и максимална заштита на здравото околно ткиво. Технологијата SRT/ SRC овозможува радиотерапија и радиохирургија. Со помош на трите технологии во TRILOGY се добива ефикасна зрачна терапија на тумори со мали димензии. Благодарение на својствата на TRILOGY специјалистите можат да ја извршат интервенцијата за многу пократко време и на поуспешен начин.

АНГИОГРАФИ 

Кардиоваскуларен центар е опремен со 2 дигитални ангиографи, со дел за анестезиолошка поддршка. Ангиографите имаат можност за зголемен квалитет на слика, моќна цевка и генератор, подобрен спектар на филтрирање. Јасната слика овозможува прецизно снимање и на најмалите крвни садови. Со нив покрај сите видови на дијагностички и интервентни васкуларни процедури, се изведуваат инванзивни гастроентерохепатолошки, пулмолошки и невролошки интервенции. 

PET/CT 

PET/CT е една од најефикасните методи за дијагноза. Се користи за дијагноза на разни видови канцер, одредување стадиум на болеста, планирање на третманот и следење на ефектот од терапијата. Со помош на PET/CT, туморите се идентификуваат во рана фаза и може да се утврди точната локација на туморите и од 5 мм. PET/CT има важна улога и во кардиологијата за дијагностика на исхемична срцева болест, во неврологијата за епилепсии и деменции, како и кај различни воспалителни болести. 

Магнетна резонанца (MRI 3 Tesla)

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во земјава е достапен во „Аџибадем Систина“. Со MRI 3 tesla времето на снимање е скратено за 30%, во споредба со MRI 1.5 Tesla. Во исто време двојно поголемата сила на магнетно поле овозможува прецизен приказ на внатрешните структури и органи, како и детекција на промени кои се невидливи со MRI 1.5 Tesla. Зголемениот комфор на пациентот за време на снимањето е овозможен со поширок цилиндар за 70 см. Комфорот е надополнет и со поширока маса за снимање која поднесува поголема тежина до 250 килограми. На овој моќен апарат може да се направи и скрининг на целото тело за помалку од 1 час, без зрачење и без контрастно средство.

Магнетна резонанца (MRI 1,5 Tesla)

Апаратот за магнентна резонанца претставува едно од поновите техничко-технолошки достигнувања во современата медицина кој се користи при дијагностицирањето на голем број промени на човековото тело по системи и органи (глава, врат, `рбет со `рбетен мозок, бели дробови, абдомен, приказ на билио-панкреатичното стебло). Во нашата болница достапна е МРИ по органи и системи, функционална МРИ (дифузија, перфузија), срцев мускул со перфузија, крвни садови, МРИ на фетус, МРИ на дојки. Во склоп на магнетната резонанца е и најсовремен апарат за анестезија кој овозможува процедурата на снимање безбедно да се изведе кај најтешко болните и пациенти со фобии од снимање.

GREEN LIGHT ласер

GREEN LIGHT претставува најсовремен ласерски третман на зголемена простата кај мажи. За време на третманот ласерските зраци брзо и прецизно го отстрануваат вишокот ткиво од простата со што се ослободува главниот уринарен канал и се враќа природниот проток на урината. Целиот третман е безбеден, ефикасен и едноставен, без ризик од оштетување на околните ткива и крвни садови. Предностите на ласерскиот третман во однос на класични хируршки интервенции се: без хируршки рез и без кравање; само 30% од пациентите по интервенцијата имаат потреба од катетер; ослободување од симптомите истиот ден; без ризик од еректилна дисфункција и постоперативна импотенција.

ORTHOPHOS XG3

Најсовремениот панорамски и 3D дигитален рендген апарат Orthophos XG3 овозможува помала доза на зрачење кон пациентот и до 60 % и подобар квалитет на слика. Оваа технологија обезбедува 3D панорамска слика на пациентот со што се добива точна дијагноза и можност за прецизни стоматолошки процедури. Orthophos XG3 е прв апарат во регионот кој овозможува компјутерско вградување на импланти.

CT 128 SLICE 

Компјутерската томографија по сите органи и системи, овозможува виртуелна бронхоскопија и колоноскопија, снимање на периферни, вратни и срцеви артерии, перфузиони иследувања, интервентни процедури (биопсии, дренажи). Со вградување на софистицираната опрема се овозможува помала доза на зрачење и до 40%. Софтверските можности на апаратот овозможуваат обработка на многу дијагностички процедури за краток временски период. 

BIODEX SYSTEM 4 

Најсофистицираниот и најсовремен динамометар, кој обезбедува проценка и рехабилитација на мускулоскелетниот систем. Со него може да се добијат прецизни информации за состојбата на мускулната сила и обемот на движење на пооделни делови на екстремитетите. Biodex system 4 претставува систем со кој на брз и точен начин може да се одреди физичкото несогласување и функционалната лими- тираност на одредени делови од телото, при што се добиваат нумерички и графички запис на податоците кој ни дава информации за понатамошен третман, и можност за комплетна рехабилитација.

ДИГИТАЛЕН МАМОГРАФ 

Дигиталната мамографија користи компјутерска слика на дојки, добиена со дигитален детектор. Овозможува поголема резолуција и поголема манипулација на сликите со што може да се зголемуваат одредени места на сликата, за подобра анализа. Прегледот трае 5 минути. 

MOLE MAX HD  

Mole Max HD дерматоскопот, е најсовремена верзија во светот и единствен во земјава кој овозможува брз и точен боди скен мапинг со full HD-резолуција. Има можност да ја измери големината на бенките, да ги анализира, мапира и лоцира промените, а снимките дигитално да ги архивира, што е од особена важност при следењето на бенките. На следното снимање ќе може да се направи дигитална споредба со актуелната состојба на бенките. Откривањето на овие мали промени, овозможува да се откријат првите знаци за појава на карцином на кожа. Единствено со Mole Max HD може со едно снимање да се анализираат сите бенки на телото

EXTRACORPOREAL LITHOTRIPTER 

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со најнова генерација на електро-хидрауличен литотриптор од реномираниот производител, француската компанија EDAP TMS. Овој литотриптер има најдобри резултати во однос на дефрагментација и елиминација на камења што се постигнуваат со електро-хидрауличниот метод. Предноста на овој метод е што се работи за амбулантска процедура и не е потребна хоспитализација, а пациентот може да ја напушти болницата еден час по третманот. Покрај тоа има и други предности што овозможуваат контролата на кршењето да се изведува на два начина, под рендген зраци и под ултразвучна контрола. Исто така нема потреба од ЕКГ контрола, за разлика од другите апарати за оваа намена, и може да се третираат и пациенти со вграден pace maker (пејсмејкер), под електрофизиолошка контрола на кардиолог. Стапката на успех на овој апарат е 90% за каменчиња од 1,5cm и 75 % за камчиња поголеми од 1,5 cm. Јачината на енергијата ја дозира операторот.

DEXA SCAN DUAL ENERGY X-RAY ABSORPTIOMETRY 

Овој софистициран апарат овозможува точност и прецизност во мерењето на коскената густина кај пациенти со остеопороза. Покрај можноста за поставување на рана и точна дијагноза за остеопороза, со овој апарат се следи и ефектот од третманот. Снимањето е безболно и за временски период од 10-20 минути се добива комплетна слика за густината на коските во целото тело.   

SPECT ГАМА КАМЕРА 

Кабинетот за нуклеарна медицина располага со компактна повеќенаменска SPECT камера со два детектори кои овозможуваат изведување на широка палета нуклеарно медицински дијагностички иследувања. Сензитивноста на гама камерата, како и протоколите за пост процесирање даваат дијагностички квалитет на добиените слики по цена на редуцирана доза на радиоактивност кај пациентот. Гама камерата е интегрирана во системот за комуникација меѓу модалитети и архивирање податоци со што е добиена опција за хибридна SPECT/CT, SPECT/MRI фузија на слики.   

 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 Acibadem Sistina Fotogalerija