Потврда за квалитетот:

„Аџибадем Систина“ прва болница во Македонија акредитирана според Joint Commission International

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го доби златниот печат за квалитет и безбедност, како резултат на усогласеноста на процесот на работа со меѓународно признати стандарди. Златниот печат е доказ за квалитетот, кој e резултат на посветеноста на Болницата во обезбедување безбедна и ефикасна услуга за своите пациенти. Акредитацијата од JCI претставува сигурност за секој пациент дека во Аџибадем Систина е безбеден и дека добива најдобра медицинска грижа.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е прва болница во земјава и поширокиот регион која ја доби престижната акредитација Joint Commission International (JCI). Со ова и Република Македонија е дел од светската мапа на повеќе од 100 земји во светот, со акредитирани болници од JCI. Добивањето на JCI акредитацијата го менува здравствениот систем кај нас и докажува дека и во Македонија може да се работи според светски стандарди. Целта е поквалитетна здравствена услуга и поголема безбедност на пациентите.

Безбедноста на пациентите преку JCI стандарди

Joint Commission International е најпрестижна болничка акредитација во целиот свет, поради строгите стандарди кои се фокусирани на области кои директно влијаат на грижата и лекувањето на пациентот. Програмата за акредитација JCI го опфаќа целиот процес од влегување на пациентот во болница, следење на неговото лекување до напуштање на болни- цата. Со еден збор, JCI стандардите се чекор кон совршенство во грижата за пациентите. Крајниот резултат е сигурна и безбедна здравствена заштита.

За Joint Commission International

Joint Commission International (ЈCI) е независна, непрофитна, невладина агенција со седиште во Чикаго, Илиноис (САД). Joint Commission International работи со цел да го подобри квалитетот и безбед- носта на медицинските услуги на здравствените организации преку едукација и акредитација. Повеќе од 55 години Joint Commission ги оцену- ва условите на здравствените институции во Со- единетите Американски Држави кои доброволно пристапуваат кон процесот на акредитација. Joint Commission има акредитирано близу 20 000 здравствени организации во САД, вклучувајќи болници, клиники и други здравствени институции. Почнувајќи од 1997, Joint Commission ја проширува мисијата низ целиот свет со формирање на Joint Commision International. Преку интернационални акредитации, консултации, публикации и едукациии, JCI помага во подобрувањето на квалитетот на здравствените услуги во многу држави. Досега JCI има акредитирано приватни и државни здравствени установи во повеќе од 100 држави.

Зошто е потребна оваа акредитација?

Според најновите светски истражувања и статистики, утврдено е дека една од водечките причини за смртност во светот, покрај малигните и кардиоваскуларните болести, се медицинските грешки. Тука спаѓаат погрешно аплицирана терапија, погрешна идентификација на пациент, интрахоспитална инфекција, непредвиден тек на лекувањето, непредвиден ризик од пад во болнички услови и уште голем дел непредвидени, но животозагрозувачки пропусти кои се дел од секојдневната работа во една здравствена институција. JCI стандардите се насочени кон елиминирање на ваквите грешки. Преку точно утврдени процеси, активности и програми примената на стандардите гарантира безбедност на пациентите и висок квалитет на здравствена заштита. Стандарди- те предвидуваат точна насока за менаџирање на сите болнички процеси со што се добива висока професионална услуга, предвидување на сите ризици, информираност на пациентот во процесот на лекувањето... Накратко, JCI акредитирана болница значи болница која во својата работа ги имплементира Интернационалните цели за безбедност на пациентите.

Документарен филм за JCI https://www.youtube.com/watch?v=TK-V8h8GlW0

Сертификат за акредитација

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доби Сертификат за акредитација од страна на државната Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи. Со тоа, „Аџибадем Систина“ е првата приватна здравствена установа во Р Македонија која го доби овој престижен сертификат, кој гарантира квалитет и безбедна услуга на пациентите.

MKC EN ISO 15189:2013, одржлив систем за управување со квалитет на медицински лаборатории

Високата стручност и професионалност, обезбедувањето точни резултати и имплементирањето современи протоколи во работењето на Дијагностички лаборатории резултираше во одржување на акредитација според стандардот MKC EN ISO 15189:2013.

Редовниот годишен стручен надзор на Дијагностички лаборатории за одржување на акредитација, согласно стандардот за медицински лаборатории MKC EN ISO15189:2013, помина успешно, без ниту една идентификувана несообразност. Врз основа на тоа, стручниот оценувачки тим предложи продолжување на акредитацијата за Дијагностичките лаборатории.

Стандардот MKC EN ISO 15189:2013 гарантира континуирана контрола на квалитет во медицинските лаборатории. Акредитацијата е доказ дека резултатите и наодите издадени од нашите лаборатории се изработуваат според меѓународно признати стандарди и ги исполнуваат највисоките критериуми за квалитет. Со имплементација на овој стандард, резултатите и наодите од Дијагностичките лаборатории се признаени како во нашата земја така и во секоја држава во светот.

Дијагностичките лаборатории при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се први и единствени во земјава со истовремено акредитирани хистопатолошки, микробиолошки и биохемиски методи.

 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 Acibadem Sistina Fotogalerija

 acibademsistina bitola galerija

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library