НОВОСТИ

04 Мај 2015
Излезе најновиот број на Аџибадем Систина ПЛУС

Излезе најновиот број на Аџибадем Систина ПЛУС

Со задоволство ви го претставуваме 17. број на магазинот Аџибадем Систина ПЛУС. Специјално за вас подготвивме најразлични теми за здравјето на целото семејство. Покрај стандардните текстови, може да прочитате и инспиративни сведоштва на пациентите кои ни го доверија здравјето. Читајте и уживајте.

30 Април 2015
Одржан стручен состанок – Дијагностика на лимфаденопатии

Одржан стручен состанок – Дијагностика на лимфаденопатии

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа стручен состанок на тема Дијагностика на лимфаденопатии. Предавачи на настанот беа Д-р Џенгис Јашар, специјалист по патологија од „Аџибадем Систина“ и проф. д-р Оливер Каранфилски, специјалист по хематологија, Универзитетска клиника за хематологија.

На состанокот беа презентирани најновите сознанија и искуства поврзани со дијагностика и третман на лимфаденопатии. Посебен акцент беше ставен на тенкоиглената аспирациона биопсија на лимфни јазли како една од главните техники за поставување на точна и прецизна дијагноза.

24 Април 2015
Во „Аџибадем Систина“ родено е 10.000-тото бебе

Во „Аџибадем Систина“ родено е 10.000-тото бебе

На 23 април 2015 (четврток) на Одделот за гинекологија и акушерство во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се роди 10.000-тото новороденче. Тимот предводен од д-р Никола Панчевски, гинеколог акушер, со спонтано породување донесе на свет здраво машко бебе со родилна должина 50 цм и 3400 г. тежина. Малиот Даниел е првата радост на Викторија и Дарко Зарезанкови и 10.000-тото бебе родено во болницата од основањето на брендот Систина.

21 Април 2015
Д-р Лилјана Хаџи-Пецова и д-р Борислав Гогушевски дел од тимот  на „Аџибадем Систина“

Д-р Лилјана Хаџи-Пецова и д-р Борислав Гогушевски дел од тимот на „Аџибадем Систина“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го прошири својот стручен тим со еминентните и искусни доктори, д-р Лилјана Хаџи-Пецова, специјалист интернист-хематолог, и примариус д-р Борислав Гогушевски, оториноларинголог.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе продолжи да го нуди најдоброто на своите пациенти во сите медицински специјалности. Нашиот професионален тим составени од најдобрите специјалисти, признати во својата професионална работа, секогаш отворени за соработка и 24 часа подготвени да одговорат на секој предизвик.

Доколку сакате да закажете преглед или стручна консултација јавете се во нашиот Контакт центар на 02 / 30 99 500.

«
»

СВЕДОШТВА И ПИСМА НА ПАЦИЕНТИ

Доктор Никола Панчевски ми ја подари Матеа

Доктор Никола Панчевски ми ја подари Матеа

Mајчинството е дел од природата. Благослов за кој мечтае секоја жена. Највеличествениот миг во животот. Но, законите на природата знаат да си поиграат со нашите животи. Да нè стават на предизвик и да нè тестираат колку можеме да ги издржиме...

Писмо - До Клиничката болница „Аџибадем Систина", д-р Јордан Савески и неговата екипа

Писмо - До Клиничката болница „Аџибадем Систина", д-р Јордан Савески и неговата екипа

Писмо - До Клиничката болница „Аџибадем Систина", д-р Јордан Савески и неговата екипа Да си родител е прекрасно и незаменливо чувство што ниту едно богатство на светов не може да го замени. Мојата приказна започнува со сообраќајна несреќа во Урошевац...

Бошко Дуковски

Бошко Дуковски

Кога на 64 години заминав во пензија и решив најубавите години од животот да ги поминам мирно и спокојно со семејството, почнаа моите проблеми. За само три месеци ослабев 17 килограми, а никој од докторите не можеше да открие која...

Катја Тодоровска

Катја Тодоровска

Со самото соочување со проблемот за забременување почна и нашата голгота за исполнување на сонот на секој човек - да се стане родител. За д-р Слободан Лазaревски како мој гинеколог се одлучив уште во 2007 год., а кога околностите беа...

Леонид Бошковски

Леонид Бошковски

Да се биде мајка е прекрасно и незаменливо чувство што ниту едно богатство на светов не може да го замени. Мојот син Леон е предвреме родено бебе.Со неговиот развој сè беше во ред, до првиот контролен преглед. По завршување на...

«
»


  1. Име(*)
    Please type your full name.
  2. Презиме(*)
    Please type your full name.
  3. Телефон(*)
    Invalid Input
  4. E-mail(*)
    Invalid email address.
  5. Порака
    Invalid Input
  6.   
  1. Име(*)
    Please type your full name.
  2. Презиме(*)
    Please type your full name.
  3. E-mail(*)
    Invalid email address.
  4. Оддел(*)
    Invalid Input
  5. Доктор
    Invalid Input
  6. Телефон(*)
    Invalid Input
  7. Порака
    Invalid Input
  8. Како да ве контактираме?


  9.   

 


 
    • Калциумот е добар за кадриоваскуларното здравје.