fbpx

Рекордни 1023 новороденчиња во 2015

07.01.2016

Рекордни 1023 новороденчиња во 2015

Рекордни 1023 бебиња се родени во 2015 година во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која е најголемо приватно породилиште на Балканот. Трендот на порастот на бројката на новороденчиња се должи на континуираното вложување во најсовремени услови, професионален и искусен кадар, како и низата бенефиции кои ги добиваат родилката и новороденчето. „Аџибадем Систина“ овозможува целосен третман почнувајќи од водење на бременост, па се до породување и грижа за бебето. 1023 новороденчиња се доказ за посветеност и врвна грижа.

 

Изминатата година родени се 1023 новороденчиња што претставува рекорден број на новородени во болницата од нејзиното основање. Од нив 153 се предвремено родени бебиња, под 37-ма гестациска недела. Успехот во 2015 година е надополнет и со ниската стапка на морталитет и други компликации кај новороденчињата.

 

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е и најголем центар за стерилитет, со 1200 ИВФ циклуси во 2015 година.

 

„Во болницата работи високо професионален тим гинеколози и тим од врвни професионалци за водење на високоризична бременоста. Единствената најсовремена Единица за неонатална интенизвна нега овозможува грижа за критични и предвремено родени новороденчиња. Изминатата година отворен е и најсовремениот Педијатриски центар во кој се третираат сите детски болести. Континуираното надградување на можностите и условите, почитувањето на светските стандарди во третманот на пациентите се клучната причина за се поголемата доверба на идните родители при изборот на родилиште.“ изјави д-р Гордана Петровска, шеф на одделот за гинекологија и акушерство.

 

Концепт Acibadem Sistina BABY

 

Од 1 јануари 2015 година Клиничката болница Аџибадем Систина го започна концептот Acibadem Sistina BABY. Концептот опфаќа низа бенефиции на трудниците кои ја водат бременоста во болницата, родилките и бебињата (информативен материјал за здрава бременост, ваучери за бесплатни прегледи, подароци по породувањето, пакет производи за нега на новороденчето и информативен материјал за доење и нега, бесплатни прегледи за новороденчето во првиот месец …). Целта на бенефициите е нашите пациенти да се чувствуваат посебно и да знаат дека зад нив стои тим од доверба и сигурност.

 

Новородените во Аџибадем Систина добиваат -10% попуст за сите прегледи во текот на животот

 

Од 1 декември започна кампањата „Заедно низ животот“ преку која „Аџибадем Систина“ овозможи еклсузивен попуст од -10% за сите здравствени прегледи во текот на животот на бебиња родени во болницата, вклучувајќи ги и бебињата родени во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица – Систина“.