Daily Dose of Health  

 

Регистрирајте се за да ги добивате најновите информации за здравјето од нашиот стручен тим  {module AcyMailing Module}

Пребарај

{source}
<ins data-revive-zoneid="2" data-revive-id="aab1e163cf5d58ba4ddf49d12cf733c3"></ins>
<script async src="//ads.acibademsistina.mk/www/delivery/asyncjs.php"></script>{/source}

Стапедектомија е хируршка процедура која се изведува во локална или општа анестезија, со помош на оперативен микроскоп. Д-р Владимир Јекиќ, оториноларинголог, објаснува дека современата стапедектомија има висока стапка на успешност од 90%. Оваа хируршка интервенција се изведува единствено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која располага со сите стручни, кадровски и технолошки можности за дијагностика и хируршки третман.

Register to read more...

Секој родител сака неговото дете да се развие со цел негов потенцијал. Ако родителот открие дека неговото дете не слуша, делува поразувачки. Но, добра вест е што има решение. Со вистински третман рано во животот, повеќето од децата што се глуви имаат можност да слушаат и да се развиваат нормално. Дури и децата со тотална глувост можат да се вклучат во општеството што слуша, да одат во нормално училиште, да читаат, зборуваат, користат телефон и да уживаат во музиката.

Register to read more...

На секого од нас барем еднаш му се има случено да има крвавење од носот. Но, доколку тоа се случува почесто треба да се консултирате со вашиот доктор. Една од причините за крвавење од носот може да биде и состојбата наречена наследна хеморагична телеангиектазија. Покрај крвавењето од носот, други придружни симптоми се и појава на црвени точки на лицето, усните и екстремитетите. Овие пациенти имаат абнормални крвни садови, па како резултат на тоа доаѓа до чести крвавења.

Register to read more...

d-r-Lirim-DemiriЦелосното отстранување на гркланот кај пациентите со карцином на грклан остава низа последици кај пациентот, а според д-р Љирим Демири најтешка последица е трајно губење на гласот. Но, за среќа, во последните 10 години се применува современа метода за рехабилитација на гласот со вградување говорни протези, кои се изработуваат единствено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Register to read more...

Воспаленијата на крајниците се чести во есенскиот период, кога почнува школската година и децата престојуваат во градинките. Според д-р Александар Лазаревски оториноларинголог најчеста причина за отстранување на крајниците се повторувачки акутни воспаленија  на грлото (клиничките насоки се пет или повеќе акутни воспаленија на крајниците во текот на една година) или хронични воспаленија на крајниците со перманентна болка во грлото.

Register to read more...

Гласната музика која доаѓа од вашите слушалки е само една од секојднeвните навики која може да резултира со оштетување на слухот. Тумори, лекарства, трауми на главата... дознајте ги главните причини за намалување на слухот.

Register to read more...

Синусите се коскени шуплини лоцирани помеѓу коските на лицето (фронтален синус, максиларен, етмоидален и сфеноидален). Најчеста причина за воспаление на синусите се инфекции или алергиска реакција. Кога синусите се воспалени тие создаваат повеќе слуз со што доаѓа до затнување на одводните канали поврзани со носната празнина. Зголемениот притисок во синусите предизвикува болка која се чувствува како  главоболка.

Register to read more...

Доколку вашето малечко немирно спие, се држи за ушињата или ја зафрла главата при спиење, често се буди, понекогаш со врисок, можно е да се работи за воспаление на ушињата. Кај повозрасните деца, родителите понекогаш забележуваат одредени потешкотии во комуникацијата – не се одзива кога му се обраќаат, има потешкотии во следењето на наставата, го засилува тонот на телевизорот. Сите овие се индиректни знаци на одреден проблеми со ушите што бараат внимание и треба да се проследат за да се превенираат состојбите кои можат да доведат до оштетување на слухот кај децата или појава на компликации.

Register to read more...

Чувствувате дека сè околу вас се врти? Луѓето кои имаат вртоглавица опишуваат дека во тие моменти имаат чувство дека целиот свет се врти околу нив.

Зошто имам вртоглавица?

Една од најчестите причини за вртоглавица е проблем со внатрешното уво. Други причини за вртоглавица можат да бидат:

Register to read more...

Иако можеби не го доживуваме премногу сериозно, губењето на слухот е една од  состојбите кои се причина за изолирање на личноста од социјалниот живот и секојдневните активности. Луѓето кои имаат нарушен слух најчесто се срамат од тоа и се повлекуваат во себе. Затоа, многу е важно да се справите веднаш доколку забележите проблем со слухот бидејќи одложувањето на посетата на доктор може дополнително да ви го наруши слухот и да ве оттргне од активностите во кои претходно сте уживале.

Register to read more...

Заедно со устата и очите, носот е еден од највпечатливите елементи кои ги забележуваме кај луѓето. Со другите елементи го одредува визуелниот изглед на личноста. Покрај тоа што служи како влез за воздухот од надворешната средина, благодарение на комплексната структура го подготвува и прочистува воздухот пред да стигне во белите дробови. Прочитајте ги шесте интересни факти за улогата на вашиот нос.

Register to read more...