Daily Dose of Health  

 

Регистрирајте се за да ги добивате најновите информации за здравјето од нашиот стручен тим  

Пребарај

Естетската дерматологија е во брз подем. Акцент е ставен на грижата за убавината, но и развој на медицинската технологија. Овој напредок ја зголемува желбата на луѓето да направат корекција на одредени недостатоци. PRP - методата е последната генерација на модерен и природен третман за подмладување

Во дерматологијата сѐ повеќе се бараат начини како да се заменат одредени хуруршки процедури за подмладување и подобрување на изгледот на пациентите, како и за корекција на недостатоците на изгледот, објаснува доц. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Позитивната страна од овие нови процедури е кратко време за закрепнување, подобра подносливост од страна на пациентот, пониска цена на чинење на третманот.

PRP-технологија

Една од новините која успешно се применува и кај нас во секојдневната пракса е третманот со плазма богата со тромбоцити PRP. Овој третман веќе подолго време се користи во ортопедијата и стоматологијата. Во дерматологијата таа се користи во поново време за подмладување на лицето или т.н. vampire lift. Процедурата се изведува така што се вади крв од пациентот, која потоа се центрифугира и се добива чиста плазма богата со тромбоцити кои имаат голем број фактори на раст. Плазмата се инјектира со игла или дермаролер во кожата на лицето, вратот или, пак, рацете. Таа претставува еден вид сопствен филер или пополнувач. Процедурата може да се повторува поголем број пати без никаков ризик по пациентот. Се создава нов колаген кој ја оптегнува кожата и на тој начин доаѓа до подмладување на кожата.

Плазма за проблеми со ќелавост

Плазмата успешно се применува и во третманот на опаѓање на косата или ќелавост. Факторот на раст на тромбоцитите од крвта влијае на влакната и го поттикнува нивниот раст. Оваа многу популарна метода се изведува и на Одделот за дерматологија и естетска дерматологија во „Аџибадем Систина“. Резултатите од оваа метода се многу добри од аспект на задоволството на пациентот од третманот. Оваа метода може да се користи и во комбинација со други естетски третмани како што е трансплантацијата на коса со FUEтехника. Нов тераписки модалитет за подмладување е и комбинација на фракцискиот CO 2 ласер со PRP. PRP всушност претставува инјектирање на сопствени тромбоцити и фибрин за третман на брчки или лузни на лицето, вратот или деколтето. Комбинираниот третман доведува до максимализација на длабокиот аблативен ефект на CO 2 ласерот, како и на потенцирање на дејството на плазмата богата со тромбоцити. Микро перфорациите од ласерот го подобруваат продорот на плазмата богата со тромбоцити. Практично плазмата наместо да се внесува со игла се истура врз веќе направените отвори од ласерскиот третман. Пациентите по спроведениот ласерски третман се третирани со PRP-висока концентрација на автологни, нетоксични, неалергени тромбоцити. Комбинираниот третман е позитивно прифатен од пациентите.

Најди доктор Закажи преглед Контакт

Вашите коментари се од голема важност за нас.. Приложените текстови не заменуваат стручно мислење. За детални информации за вашето здравје потребна е консултација со доктор. За информации за услугите на Аџибадем Систина, ве молиме пополнета ја нашата WebMail форма.