Daily Dose of Health  

 

Регистрирајте се за да ги добивате најновите информации за здравјето од нашиот стручен тим  

Пребарај

Брчките на кожата најчесто се првиот знак на стареење или, пак, знак дека вашата кожа реагира на надворешните фактори. Нивната појава не може да се спречи, но со правилна грижа и нега на кожата, нивното појавување значително може да се одложи. Со текот на годините кожата старее, се намалува еластицитетот и почнуваат да се создаваат брчки околу лицето.

Најизразени се на челото, меѓу веѓите, на надворешната страна на очите и околу устата. Со овие брчки покрај тоа што изгледате неколку години постари, изгледате и заморено и исцрпено. За третманот кој најчесто се применува за комплетно подмладување, разговаравме со д-р Илија Мосторов, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Ботокс

Ботокс (Botulinum toxin tip A) е природен протеин кој го произведуваат бактериите Clostridium botulinum. Се користи во медицината за третман на неконтролиран спазам на очните капаци (блефароспазам), а последниве години наоѓа особена примена во естетските третмани. Со апликација на ботоксот се постигнува корекција на лицето и вратот. Пациентите ведаш по третманот може да се вратат на секојдневните обврски.

Прецизната апликација на мали дози ја блокира работата на поединечни мускули кои учествуваат во мимиката на лицето. Делувањето почнува за 2-5 дена, а максималното дејство се постигнува по 7-10 дена. Дејството трае околу 4-8 месеци. Контраиндикациите се многу ретки: бременост и доење, пречувствителност, инфекција или иритација на кожата, истовремена примена на аминогликозидни антибиотици.  

Најди доктор Закажи преглед Контакт

Вашите коментари се од голема важност за нас.. Приложените текстови не заменуваат стручно мислење. За детални информации за вашето здравје потребна е консултација со доктор. За информации за услугите на Аџибадем Систина, ве молиме пополнета ја нашата WebMail форма.