Daily Dose of Health  

 

Регистрирајте се за да ги добивате најновите информации за здравјето од нашиот стручен тим  {module AcyMailing Module}

Пребарај

{source}
<ins data-revive-zoneid="2" data-revive-id="aab1e163cf5d58ba4ddf49d12cf733c3"></ins>
<script async src="//ads.acibademsistina.mk/www/delivery/asyncjs.php"></script>{/source}

Рацете и деколтето се делови од телото кои не можеме да ги сокриеме и се секогаш изложени на погледи. Иако се најважните симболи на женственоста, ние сепак ги запоставуваме, па токму и затоа кај нив се појавуваат првите знаци на стареење.Доколку навреме не посветите внимание на негата на рацете и деколтето, ќе се појават првите знаци на предвремено стареење и оштетување.

Register to read more...

Заеднички проблем на сите жени се несаканите влакна. Оваа тема е подеднакво актуелна и кај мажите кои сè почесто ги применуваат најновите методи за нивно отстранување. Со д-р Весна Пљакоска, специјалист дерматовенеролог во Ласер Центарот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, разговараме за ласерската епилација – револуционерна метода со која се постигнува трајно отстранување на влакната.

Register to read more...

Карциномот на кожата е најчестиот вид канцер. Овие типови канцер се појавуваат на површинскиот слој на кожата и лесно можат да се излекуваат доколку се откријат порано. Најсериозниот тип канцер на кожа е наречен малигнен меланом, кој најчесто се шири. Ултравиолетовите зраци (UV зрачење) или прекумерна изложеност на сонце е еден од факторите за појава на овој тип канцер. Затоа пред да се препуштите целосно на сонцето, помислете на вашето здравје.

Register to read more...

Револуционерната FUE метода е златен стандард во светот за решавање на проблемот со ќелавоста. Оваа интервенција за трајно излекување на ќелавоста за прв пат во земјава е направена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. За сѐ што е поврзано со FUE методата одговор ни даде д-р Андреј Петров од Одделот за дерматологија.

Register to read more...

Брчките на кожата најчесто се првиот знак на стареење или, пак, знак дека вашата кожа реагира на надворешните фактори. Нивната појава не може да се спречи, но со правилна грижа и нега на кожата, нивното појавување значително може да се одложи. Со текот на годините кожата старее, се намалува еластицитетот и почнуваат да се создаваат брчки околу лицето.

Register to read more...

Многу често им завидуваме на оние кои изгледаат неколку години помлади од што се. Верувале или не, но со помош на современата технологија и знаењето на стручните медицински лица процесот на стареење може да се забави или одложи. Едноставно, посветете си малку повеќе време и грижа за својот изглед и времето ќе застане. Еве 6 совети од докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Register to read more...

Месец мај според медицинскиот „календар“ се смета за месец за одбележување на свеста кај населението за меланом. За таа цел поразговаравме со доц. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог во Клиничката болница „Aџибадем Систина“. Тој ни укажа на сериозноста и опасните последици кои може да настанат од меланомот. Д-р Перов вели дека има една табу тема на Балканот генерално, па и во Македонија, дека бенките не треба да се чепкаат. Често пати ќе слушнеме тако нешто како муабет. Тоа е погрешно. Самата интервенција не може да ни наштети на здравјето, но може да ни го спаси животот ако е направена навреме. Ако е нешто малигно, треба да се отстрани, да оди надвор. Со тоа што ќе го чуваме нема да помине.

Register to read more...

Кај околу 50% од луѓето во текот на животот барем еднаш се развила некоја претканцерогена промена на кожата, a истражувањата покажуваат дека 70% од луѓето не ги препознаваат предупредувачките знаци. Меланомот е најтешкиот облик на карцином на кожа и со најголема смртност од сите кожни малигни болести. Потекнува од клетките наречени меланоцити. Меланомот е отпорен на зрачење, а хемотерапијата има ограничена улога во неговото лекување, па за да се има добра прогноза неопходна е на времено дијагностицирање, објаснува доц. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Register to read more...

Естетската дерматологија е во брз подем. Акцент е ставен на грижата за убавината, но и развој на медицинската технологија. Овој напредок ја зголемува желбата на луѓето да направат корекција на одредени недостатоци. PRP - методата е последната генерација на модерен и природен третман за подмладување

Во дерматологијата сѐ повеќе се бараат начини како да се заменат одредени хуруршки процедури за подмладување и подобрување на изгледот на пациентите, како и за корекција на недостатоците на изгледот, објаснува доц. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Позитивната страна од овие нови процедури е кратко време за закрепнување, подобра подносливост од страна на пациентот, пониска цена на чинење на третманот.

Register to read more...

Ветерот, честата изложеност на ниските температури и студениот воздух значително го забрзуваат процесот на стареење на најголемиот орган на телото. Во овој период д-р Андреј Петров советува да се заштитат деловите на кожата кои се директно изложени на студот, редовно да се нанесува хидратантен крем и никако да не се потценува штетното влијание на зимското сонце.

Register to read more...

Сува кожа е проблем со кој се соочува голем дел од луѓето, но зошто најчесто сувата кожа се јавува во зима? Ладното време и ветерот може да ја влошат состојбата на вашата кожа, која и немала досега проблеми. Во овој период проблеми со сувост на кожата може да се очекуваат во секоја возраст, почнувајќи од најмалите.

Сувите делови најчесто се манифестираат на дланките и нозете. Предизвикува чешање кое честопати е со толкав интензитет што ги нарушува дневните активности и спиењето. На местата кои се суви, поради честото чешање кожата се задебелува и станува груба. Најнепријатната состојба се појавата на пукнатини на кожата кои се болни.  Сувата кожа може да предизвика и воспаление на кожата – дерматитис. Во тој случај се појавува и црвенило на кожата. Оштетената кожа може да биде влезна врата за инфекции па како компликација може да се јави и бактериска инфекција. Во вакви случаи мора да се јавите на дерматолог и да ја третирате кожата.

Register to read more...