Daily Dose of Health  

 

Регистрирајте се за да ги добивате најновите информации за здравјето од нашиот стручен тим  

Пребарај

Хидротерапија, или уште се нарекува терапија со вода, претставува метод на лекување при кој се кристи поволното дејство на водата (ладна, топла, водена пареа) врз севкупната состојба на организмот. Примената на терапевтското дејство на водата има корени уште од старите римјани, кога и природонаучниците Гален и Целзиус ги оставиле првите пишани документи за дејството на топлата и ладната вода врз организмот.

Температури на водата кои се користат во хидротерапија

Д-р Аница Хаџи-Петрушева Јанкијевиќ, физијатар, објаснува дека постојат повеќе класификации на водата според загреаноста, и тоа

  • Неутрална, каде температурата е од 30 до 34 степени
  • Топла, со температура од 35 до 37 степени
  • Жешка ,со температура на 38 степени
  • Ладна вода од 20 до 23 степени

Дејство на хидротерапијата

Самото потопување на телото во вода, поради елиминирање на гравитациските сили го олеснува неговото движење. Потопувањето во ладна вода најчесто се врши на дел од телото и се користи за забавување на локалните метаболни процеси, намалување  на едемот и локализирање на воспалителниот процес.

Влијанието на топлата вода, пак, ги подобрува метаболните процеси, го намалува крвниот притисок, ја релаксира мускулатурата, го подобрува еластицитетот на меките ткива, го олеснува движењето во зглобните структури, делува смирувачки на нервниот систем.

Каде може да се примени хидротерапијата

Поради широкото дејство на водата, зависно од нејзината температура индикациите за примена на хидротерапија се големи.

  • При одредени гастроинтестинални заболувања, каде се користи смирувачкото и релаксантно дејство на водата.
  • При фебрилни состојби, со цел на разладување на телото,
  • Респираторни заболувања
  • Ревматски болести во хроничната фаза каде се користи антиинфламаторното дејство на водата, се релаксира мускулатурата и се подобрува обемот на движење и се олеснува севкупната состојба на локомоторниот апарат.
  • При рехабилитација во ортопедија по имплантација на зглобни ендопротези на зглобови, каде топлотното дејство на водата го подобува еластицитетот на меките ткива, го подобрува обемот на движење, а воедно и се зајакнува околната мускулатура.
  • Во третманот по скршеници и други травматски повреди, каде поради намалување на притисокот во водата е можно правилно оптоварување и враќање во функција на повредениот екстремитет.
  • Болките во ‘рбетот се една од најчестите тегоби со кои се сретнува човекот. Релаксацијата на грбната мускулатура и нејзиното правилно зајакнување во растоварена положба е значајно во третманот на оваа болна состојба
  • Пливањето е хирдокинезитерапевтски метод кој игра голема улога во превенција и спречување на развојот на деформитетите на ’рбетниот столб кај децата.
  • Невролошки заболувања

Што е хидрокинезитерапија?

Изведувањето вежби во вода се нарекува хидрокинези. Вежбите може да се во базени и да се вршат со помагала или без, во кади, подводни ленти или велосипеди. Изведувањето вежби на хидролента не само што е исклучително корисно во рехабилитација, сè почесто се користи како подготовка во тренинг процесите на професионалните и аматерски спортисти. Поволна е во започнувањето со физичка активност кај лица кои сакаат да ја намалат телесната тежина, или лица кои имаат болки во грбот и зглобовите. Основно е што се елиминира земјината тежа, се намалува притисокот врз зглобовите, а при отпорот што го создава водата се јакне мускулатурата.

Најди доктор Закажи преглед Контакт

Вашите коментари се од голема важност за нас.. Приложените текстови не заменуваат стручно мислење. За детални информации за вашето здравје потребна е консултација со доктор. За информации за услугите на Аџибадем Систина, ве молиме пополнета ја нашата WebMail форма.