Daily Dose of Health  

 

Регистрирајте се за да ги добивате најновите информации за здравјето од нашиот стручен тим  

Пребарај

Простата е дел од репродуктивниот систем на мажот. Ако во младоста и во зрелото доба таа е дел од сексуалностa на мажот, во поодминатите години на животот таа станува неодминлив здравствен проблем безмалку на секој маж. Токму поради ова грижата на мажот за оваа мала жлезда во форма на костен, сместена под мочниот меур, чија улога е да лачи бистар „сок“ кој е дел од семената течност при ејакулација, е оправдана. На најчесто поставуваните прашања за проблемот со зголемена простата разговаравме со проф. д-р Љупчо Лековски, хирург уролог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Што е зголемена простата?

Зголемена простата е состојба што е поврзана со стареењето на мажот. Причините за оваа состојба, која уште се нарекува и бенигна хиперплазија, не се до крај разјаснети и покрај познатиот ефект на машкиот полов хормон - тестостеронот на простата, но со сигурност се знае дека не претставува канцер и не доведува до канцер. Повеќе од пола од мажите над 60-годишна возраст се соочуваат со овој проблем.

Кои се симптомите на зголемена простата?

Вообичаен симптом на зголемена простата е проблем со уринирањето. Мажите кои го имаат овој проблем имаат зачестено мокрење неколку пати во текот на ноќта. Ова е последица на тоа што зголемената простата притиска на мочниот канал кој поминува низ неа. Како резултат на ова мочниот меур ги засилува контракциите за да ја исфрли урината дури и во моменти кога во него има малку урина. Други проблеми што се јавуваат како последица на зголемена простата се: кога уринирате може да ви треба повеќе време додека да почнете со празнењето, односно првиот млаз урина доаѓа со задоцнување; млазот може да биде послаб од вообичаенo; на крајот, иако знаете дека сте завршиле со празнење, можно е да имате чувство дека ви останала одредена количина урина во мочниот меур; со текот на времето зголемената простата може да доведе до неможност за мокрење. Оваа состојба е резултат на комплетно блокирање на уретрата од страна на зголемената простата или, пак, воспалување на мочниот меур и сериозно може да ги оштети бубрезите. Како што стареат, мажите сѐ повеќе се подложни на ова заболување. Простатата постојано расте во текот на целиот живот на мажот и не покажува никакви симптоми до 40-тата година. Кај 90% од машката популација, првите симптоми на зголемена простата се појавуваат по 40.година. Причините не се познати. Се претпоставува дека хормони како што се тестостеронот, дихидратестос- теронот (ДХТ) и естрогенот можат да играат голема улога.

НАЈСОВРЕМЕН ЛАСЕР ВО ТРЕТМАНОТ НА ЗГОЛЕМЕНА ПРОСТАТА

GREEN LIGHT претставува најсовремен ласерски третман на зголемена простата кај мажи. За време на третманот ласерските зраци брзо и прецизно го отстрануваат вишокот ткиво од простата со што се ослободува главниот уринарен канал и се враќа природниот проток на урината. Целиот третман е безбеден, ефикасен и едноставен, без ризик од оштетување на околните ткива и крвни садови. Пациентот веднаш ги чувствува резултатите, како олесното уринирање, за разлика од третманот со другите минимално инванзивни процедури во лекувањето на бенигна хиперплазија на простата. Предностите на ласерскиот третман во однос на класични хируршки интервенции се: без хируршки рез и без крвавање; само 30% од пациентите по интервенцијата имаат потреба од катетер; ослободување од симптомите истиот ден; без ризик од еректилна дисфункција и постоперативна импотенција. Целата интервенција се изведува на тој начин што докторот го внесува цистокопот преку простатичната уретра, во близина на опструкцијата. Со пулсирање на светлина се затоплува околното ткиво и се евапоризира (испарува). Третманот трае додека не се ослободи главниот уринарен канал. Во некои случаи се вметнува привремен катетер кој ќе овозможи да се испразни мочниот меур. Целата интервенција трае околу еден час. Два дена по интервенцијата пациентот се пушта на домашно лекување, а по три може да се врати на секојдневните активности.

Најди доктор Закажи преглед Контакт

Вашите коментари се од голема важност за нас.. Приложените текстови не заменуваат стручно мислење. За детални информации за вашето здравје потребна е консултација со доктор. За информации за услугите на Аџибадем Систина, ве молиме пополнета ја нашата WebMail форма.