Daily Dose of Health  

 

Регистрирајте се за да ги добивате најновите информации за здравјето од нашиот стручен тим  

Пребарај

Заеднички проблем на сите жени се несаканите влакна. Оваа тема е подеднакво актуелна и кај мажите кои сè почесто ги применуваат најновите методи за нивно отстранување. Со д-р Весна Пљакоска, специјалист дерматовенеролог во Ласер Центарот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, разговараме за ласерската епилација – револуционерна метода со која се постигнува трајно отстранување на влакната.

Повеќе...

Најсовремениот Еr:YAG ласер брзо, безболно и без компликации дава одлични резултати во третманот на голем број здравствени и естетски гинеколошки проблеми. Д-р Снежана Тимчева Цветковска, гинеколог-акушер во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, вели дека работата на овој ласер се базира на неаблативна фототермална стимулација на создавање нов колаген и негово ремоделирање во регионот на вагиналниот ѕид, влезот на вагината и околното ткиво на влезот на уретрата (vestibulum). Пациентките се изненадени од моменталниот ефект на подобрување на состојбата по првата сесија од третманот.

Повеќе...

Туморите на мочниот меур во однос на појавата се наоѓаат на првите 2 до 3 места според застапеноста. Исто така, оваа болест е 2 до 3 пати почеста кај машката (особено постарата машка популација) во однос на женската популација. Но, и младите треба да бидат внимателни, особено ако забележат крв во урина, кој е прв симптом за ова заболување.

Повеќе...

Барем еднаш во животот сте ја изговориле или, пак, сте ја слушнале реченицата „Постојано сум многу уморен“. Но, многумина и не знаат што точно значи, и дека зад оваа реченица како причина стојат одредени заболувања. Проф. д–р Чедомир Димитровски, ендокринолог, објаснува дека синдромот на хроничен замор претставува група симптоми кои го отежнуваат секојдневното функционирање на индивидуата.

Повеќе...

Воспалителните цревни заболувања, како улцеративниот колитис и Кроновата болест, се хронични воспаленија на гастроинтестиналниот тракт од непознато потекло. Современиот начин на живот, особено стресот и исхраната, се ризик фактори за појава на овие заболувања кои во некои ситуации можат да бидат и животозагрозувачки. Во продолжение д–р Димитар Трајков, гастроентерохепатолог, ни објаснува повеќе за овие болести.

Повеќе...

Стапедектомија е хируршка процедура која се изведува во локална или општа анестезија, со помош на оперативен микроскоп. Д-р Владимир Јекиќ, оториноларинголог, објаснува дека современата стапедектомија има висока стапка на успешност од 90%. Оваа хируршка интервенција се изведува единствено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која располага со сите стручни, кадровски и технолошки можности за дијагностика и хируршки третман.

Повеќе...

Хируршките интервенции кај децата најчесто се поврзани со вродени аномалии. За дел од нив е потребна итна хируршка интервенциja, додека за други може да се почека додека детето да дојде до одредена возраст. За најчестите заболувања во детската хирургија одговор ни даде д–р Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија.

Повеќе...

Тренд, каприц или зависност тивкиот убиец, не само што предизвикува штета на оние кои директно го консумираат туку и на оние кои случајно или неслучајно се нашле во близина на пушач. Митот за пасивното пушење сепак е повеќе од мит. „Долготрајната изложеност на чад од цигари го зголемува ризикот од појава на карцином на белите дробови, па така непушач кој живее со пушач има 20-30% повеќе шанси да заболи од овој карцином. Пасивното пушење неповолно влијае на срцето и го зголемува ризикот од појава на коронарна срцева болест за 25-40%. Штетноста на чадот од цигарите произлегува од тоа што тој содржи 7000 хемиски соединенија, a 69 од нив се докажани канцерогени соединенија" вели д-р Оливер Јовковски, специјалист по пулмоалергологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина".

Повеќе...

Моментот кога вашето малечко тргнува во градинка или училиште претставува една од најголемите и први промени кои се случуваат во неговиот животот. Како за детето така и за неговите блиски, овој чин предизвикува голем стрес. Затоа неопходно е детето да биде подготвено за тоа,  особено доколку може да биде планирано, односно ако не мора поради разни причини да биде ненадејно. Чинот на посета на градинката  значи негово одвојување од домот, од неговото секојдневно опкружувње и создавање нова средина, опкружена со непознати лица и други деца на слична возраст. За полесна адаптација на новонастанатите услови и намалување на стресот како кај детето така и кај неговите родители, неопходно е тоа да има постигнато соодветна интелектуална, психомоторна и социјална зрелост, објаснува д-р Станка Танчева – Крстевска, педијатар. 

Повеќе...

Долгото и неправилно седење пред компјутер, дома или на работното место, често  предизвикува болка во грбот. Оваа болка е еден од најчестите здравствени проблеми и нема човек кој не се пожалил од неа.

Спондилоза - болест на „седечкиот човек“

Спондилозата е дегенеративно заболување на ‘рбетниот столб  и најчестото се јавува кај луѓето кои долго време седат. ‘Рбетот е составен од прешлени кои меѓусебно се поврзани со зглобови, а разделени се со меки дискови. Оваа целина го прави ‘рбетот флексибилен и прилагодлив, а прешлените и меките делови се еден вид  стабилизатори кои ги апсорбираат стресот и вибрациите кои се формираат кога човекот се движи.

Повеќе...